Шест лица во тетовско се новозаболени од КОВИД19, со што вкупната бројката достигна 49 луѓе, информираше денес Кризниот штаб на општина Тетово. Од вкупната бројка 20 се граѓаните на општина Тетово, останатите случаи се од другите населени места.
-Во општина Тетово вкупно се направени 400 тестови на граѓани кои ги исполниле условите за тестирање според епидемиолошката анкета Министерството за здравство, соопштија денес од Кризниот штаб.
Барање од Кризниот штаб при општина Тетово е доставено до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, на сите матични лекари на територијата на општина Тетово да им се обезбедат доволни количини на ракавици, маски и средства за дезинфекција.
Во насока на превенција од коронавирусот и денес немаше пазарен ден во Тетово, при што беа затворени за работа сите отворени и затворени пазари на територијата на општината.
А.С