Шест нови лица заболени со Ковид-19 во тетовскиот регион, бележи Министерството за здравство во вкупнта бројка од нови 17 заразени низ Македонија (Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Велес-2, Битола -1). Тетовскиот регион достигна 131 заболен од кои 68 се активни случаи.
Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје-7, Куманово-6, Прилеп-2, Велес-1. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.
Тетовската полиција поднела три нови пријави поради непостапување според прописите во време на еподемија согласно член 206 од Кривичниот законик. Трите лица се затекнати во 24 часовниот период (14/15-мај) како не ја почитуваат одлуката за ограничено движење.
-Тројцата биле лишени од слобода и против нив ќе бидат изготвен соодветни поднесоци. Воедно нови осум лица се писмено предупредени за неносење заштитни маски со што вкупната бројка изнесува 290 луѓе, соопштија од канцеларијата за односи со јавноста при СВР Тетово.
Полициските службеници евидентирале дека во овој период 17 нови лица се во изолација со решение од Државен санитарен инспекторат, а контролирале вкупно 168 лица.
Решенија за самоизолација потпишале 19 нови лица, а е извршена контрола над 25 лица (ТЕ-25) кои се во самоизолација.