Александар Велјановски, координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ од Тетово истакна дека ВП домот во Волковија е дело на Владата од неговата партија, реагирајќи на сегашната власт дека објектот е изграден сега по 19 години.
-Навистина е лицемерно партијата која го блокираше проектот сега да се фали со негова изградба.
Фабриката за лажни вести на сдсм не престанува со работа. Министерката за правда Дескоска се фали со објектот на Воспитно поправниот дом кој се наоѓа во Волковија, кој беше целосно изграден, и во голема мера опремен, од Владата на ВМРО ДПМНЕ уште во 2016 година.
Единствената причина поради која не беше пуштен во употреба е партијата на Дескоска која преку блокади не дозволи да се спроведе водоснабдувањето и канализацијата на објектот.Наместо да се фали со проектите на ВМРО ДПМНЕ, Дескоска да одговори дали е точно дека планот на СДСМ е во објектот кој е наменет за воспитно поправен дом да ги донесе и малолетниците од Затворот за деца – Охрид, што е спротивно на законот и условите⁉️, прашува Велјановски.