Даница Дана Крстеска од Гостивар за прв пат се претставува со свои слики преку самостојна изложба во уметничката галерија во Тетово. Изложбата која вчера беше свечено отворена има наслов „Архетипови и сенки“, а тетовци да ги погледнат делата имаат можност до крајот на неделата. Станува збор за 20 дела масло на платно, а работени во изминатите две години.
-Ги насловив делата „Архетипови и сенки“ затоа што уметничкиот израз додека ги работев овие слики беше условен од несвесното. Си дадов слобода малку да избегам од вообичаеното и делата попримија изглед на надреални, што досега не сум работела. Тематика е патот низ времето, нашата минливост низ времето. Велат дека времето минува, но минува ние низ времето. Тоа некако ме обзема, тие размислување и секогаш кога творам тоа ми е во подсвеста, вели Даница Дана Крстеска.
Ова е четврта самостојана изложба на Крстеска. Досега се претставила во Гостивар во 2016 и 2018 и во Скопје во 2018.
А.С