Извршената анализа на статистичките податоци за сообраќајните прекршоци при СВР Тетово за првите шест месеци од 2020 година покажуваат огромно намалување во споредба со лани. Од таму посочуваат дека ограниченото движење и полицискиот час поради коронавирусот е причина за намалената фреквенција на луѓе и возила, а со тоа и на случени сообраќајни прекршоци.
-Во изминатите шест месеци од оваа година на подрачјето на СВР Тетово вкупно откриени и законски санкционирани се 3556 сообраќајни прекршоци од кои на тетовскиот регион 2609 и 947 на гостиварски, што претставува 8300 помалку во споредба со истиот период лани. За санкционирање на овие прекршoци биле изготвени 2448 прекршочни платни налози од кои 1607 во тетовско и 841 во гостиварско. Исто така и 1138 мандатни платни налози (ТЕ-1002 и ГВ-136), како и 5344 барања за поведување на прекршочна постапка против исто толку сторители (ТЕ-3661 и ГВ-1683), истакнува портпаролот Марјан Јосифоски.
И понатаму брозото возење е најчеста причина да се казнуваат возачите.
-Најмногу од прекршоците констатирани во првото полугодие (849) се однесувале на неприлагодена брзина според условите на патот, односно на пребрзо возење.Покрај тоа, кај 387 од контролираните возачи било утврдено дека ги управуваат возилата под дејство на алкохол, 171 возило-возач не држело страна на движење, 74 непочитувале првенство на минување и друго, вели Јосифоски.
Во првите шест месеци од 2020 помал од лани за 57 е и вкупниот број на случени сообраќајни несреќи кој сега изнесува 365 од кои 268 во тетовско и 47 во гостиварско. Според полициската статистика речиси двојно помал е и бројот на загинатите лица 4 (ТЕ-3 и ГВ-1) наспроти минатогодишните 7 во истиот период.
А.С