Општина Тетово најавува дека ноќеска после полноќ ќе се врши дезинсекција на територијата, поради што се известуваат пчеларите навреме да ги заштитат нивните пчели на соодветни места.
-Општина Тетово ќе ја реализира третата терестичка дезинсекција на подрачјето на Град Тетово за уништување на возрасните форми на комарци и останати штетници. Дезинсекцијата ќе се изведе во ноќните часови после 24:00 часот до раните утрински часови, само под поволни временски услови, ако случајно времето е врнежливо или е со јак ветер дезинсекцијата се одложува за утредента или евентуално за некој нареден ден со поволни временски услови, соопштија од Општина Тетово.
За дезинсекцијата ќе се употреби средство KULFAK 50 EC во концентрација пропишана одпроизводителот по упатство за употреба во однос 40 мл/1л.
А.С