Тетовската полиција ја заврши истрагата по пријава од јули и поднесе кривична пријава за силување до Обвинителството. Поради основи за сомнение пријава за кривично дело за силување доби 22 годишно лице од градот.
– СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.И.(22) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“. На 11.07.2019 во дом на улицата Илинденска во Тетово, пријавениот извршил обљуба врз 15-годишна малолетничка, информира СВР Тетово.