Лекар во клиничка болница во Тетово пријавил напад од 32 годишен пациент по што интервенирала и полицијата. Инцидентот се случил во текот на вчерашниот ден, по што напаѓачот бил хоспитализиран во скопска здравствена институција.
-Во 8 часот и 25 минути, 47-годишен лекар од тетовската Клиничка болница во СВР Тетово пријавил дека на Психијатриското одделение физички бил нападнат од 32-годишниот пациент К.И.од тетовско Боговиње, по што бил смирен и испратен за хоспитализација во скопска болничка установа, соопштија од СВР Тетово.
Тетовската полиција вчера попладне бележи и физички напад во семејство на улица „Мирче Ацев“ во градот. 30-годишна жена во СВР Тетово пријавила дека во нивниот дом по меѓусебна вербална расправија со снаата, два пати физички ја нападнал нејзиниот 29-годишен брат. Пријавениот повикан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
А.С