Министерството за здравство информира дека во тетовскиот регион има 6 нови случаи со Ковид-19, додека излечени се 4 лица. Вкупниот број на активни болни е 107, додека вкупно дијагностицирани се 1266.
Полицијата бележи 52 казни за неносење заштитни маски за превенција од Ковид-19, а 5 лица имаат решенија за изолација дома.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1410 тестирања, а регистрирани се 121 нови случаи на Ковид-19 во Македонија. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациент.
Починати се 3 лица, двајца пациенти од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г). Сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 15414, бројката на оздравени пациенти е 12896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881.
А.С