Тетовско има 8 нови заболени и ист броја на оздравени лица од коронавирусот во изминатото деноноќие. Сега има вкупно 1517 дијагностицирани од кои активни случаи се 168.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1990 тестирања, а регистрирани се 317 нови случаи. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти.
Во болнички услови починати се 4 лица, од Скопје (59г.), Струга(65г.), два пациенти од Гостивар (71г. и 76г.).