Тетовскиот центар за јавно здравје во изминатото деноноќие има евидентирано 25 нови заболени од Ковид-19.
-Од тие 25 лица, во рамки на општина Тетово се бележат 19 заболени и 4 се од општина Боговиње, како и по еден од Брвеница и Теарце, информира д-р Зорица Зафировска, специјализант по епидемиологија при центарот за јавно здравје.
Во Клиничка болница Тетово како заболени од Ковид-19 според нивните информациите има хоспитализирано 18 луѓе.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот за неносење заштитни маски на 56 лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат на тетовското подрачје издал нови 5 решенија за изолација дома, а вкупно има 547 лица со таков документ.
А.С