По неколку години се изврши сечење и поткрастрување на гранките од дрвјата долж централниот градски булевар Илирија (Маршал Тито) во Тетово, со оглед на честите реакции на граѓаните дека поради изметот од птиците тротоарите се нечисти и се шири непријатна миризба. Воедно поради тоа што гранките беа широко разгранети претставуваа проблем за движење на повисоките возила како автобуси и камиони.
-Работниците при работната единица „Паркови и зеленило“ изврши сечење на гранки на 13 дрвја на потеготот од плоштадот до кружниот тек со улицата Јане Сандански. Истото ќе продолжи по потреба и на другите дрвја долж булеварот и на другите улици, соопштија од Јавното комунално претријатие „Тетово“.
Тротоарот долж булеварот Илирија (Маршал Тито) во Тетово го претставува централното градско јадро и е многу фрекфрентно место со оглед дека таму се наоѓаат повеќе институции, банки, библиотеката, Центар за култура, големи маркети и други установи.
А.С