Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1542 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на Ковид-19 во Македонија од кои во тетовскиот регион се 7.
Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, по еден пациент од Штип и Струга и двајца од Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од кои 7 се од тетовско.
Досега во земјата се направени вкупно 94092 тестирања на Ковид -19, а дијагностицирани се 9934, бројката на оздравени пациенти е 5357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117.