Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце го организираше седмото издание на традиционалната манифестација „Денови на Кирил Пејчиновиќ-2020“ која согласно здравствените протоколи за првпат се одржа на отворен простор поточно во дворот од црквата Света Богородица во месноста Ќелија.
Освен домаќините КУД „Кирил Пејчиновиќ“, настапија и гостите фолклорен ансамбл „Китка“од Истибања, „Трио Шербет“ група „Ќустек“ и „Трио Кладенец“.
Во првиот блок настапи КУД „Кирил Пејчиновиќ“ настапи со песните – „Да ми пукнеш стара мајко“ и „Лудо ми тера три коњи“, изведени од женската пеачка група. –„Лено, Јелено“ и „Заљубив мале три моми“, изведени од машката пеачка група и „Ангелино моме“ од мешан хор како и „Мома оди за вода“, од средна група.
„Трио Шербет“ се претстави со интерпретација на песните „Ај Ѓорушице црно око“, „Срце ме боли за Трпана“ и „Шеќерино малој моме“.
Претставниците на фолклорен ансамбл „Китка“ од Истибања настапија со песната „Кирјана“ како и ората „Копачка“ (изведено со тапани) и орото „Доце, доце“.
Настапија и „Ќустек“ музичка група која ги користи традиционалните инструменти зурли, тапани, гајди и тамбури како и „Трио Кладенец“ од Теарце, познато вокално трио кое ги руши сите граници на успехот со голем број признанија и освоени први места.
Во вториот блок КУД „Кирил Пејчиновиќ“ се претстави со „Распукала Шар Паланина“ од средната група и „Налано ќерко“ од машка група. Фолкорен ансамбл „Китка“ со песните „Моме стои“, „Заспала света Недела“, „Густа е магла паднала“ како и „Малешевско оро“.
Следуваше настап на „Трио Кладенец“ со својата нова нумера „Соколе“ прв пат изведена на Лешочкиот фолк фест 2020.
Повторно настапи КУД „Кирил Пејчиновиќ“ со песните – „Седна лудо“, „Ајде поминувам“ од женската пеачка група, „С’лнце се слега“ и „Моли се на Бога“ од машка печака група, „Девојче, девојче“ од мешан хор.
Од 2012 започнува да реобновува и функционира сегашниот состав на Културно уметничното друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце.
-После долго време во 2012 година по иницијатива на Општина Теарце за учество на фестивал во Бурса, Турција се собра одредена група на млади во Теарце за да се реализира тој проект. По самото враќање од оваа турнер се јави голем интерес на младите во Теарце за продолжување на фолклорот со изучување и негување на традиционалната фолклорна ризница од полошкиот регион па и пошироко, а со самото тоа придонесоа за реформирање на поранешното КУД „Кирил Пејчиновиќ“ -Теарце. Со ова друштво работи професионален тим од дипломиран етнокореолог Сашо Костадиновски, кореографи Мирослав Симјановски и Бобан Трпковски како асистенти кои што придонесуваат за професионална реализација на сцената, истакнуваат од Друштвото.