Две лица се повредени во денешната сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Гостивар по излетување на возило од коловозната лента. Сообраќајката се случила околу 15 часот и 20 минути на автопатот во близина на клучката за Жеровјане, поради што во прекин е сообраќајот и и возилата се пренасочуваат по околните патиша.
-Патничко моторно возило „фокус“ со гостиварски таблици излетало од коловоз, удрило во заштитна ограда и се превртело. Во незгодата две лица, машко и женско се повредени и пренесени во тетовските клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, портпаролот на СВР Тетово.
Поради сообраќајката започнат е и увид на местото од страна на јавен обвинител и екипа на СВР Тетово.
А.С