Младите членови на ВМРО ДПМНЕ ги посетија пожарникарите и со подарок изразија благодарност за пожртвуваноста.
-Изминатиов период и сите овие изминати години, овие храбри луѓе се борат со временските непогоди, со пожари и најпрофесионално ја носат унифромата на противпожарната единица. Тоа го видовме пред скоро време, како издржаа да се справат со поплавата и пожарто во фабриката Пофикс. На нивните лица се гледаше огормен замор, но ниту во еден момент не се откажаа, се додека не се уверија во завршената работа. Тие ни раскажаа за нивните искуства и ситуации низ кои поминале сите овие години. Радоста беше видлива на нивното лице и ни напоменаа дека ние сме првите лица од Тетово што воопшто помислиле на нив и што донирале нешто, порачаа од УМС на ВМРО ДПМНЕ.
Со еден скромен подарок од наша страна, сакаме да им се заблагодариме на овие модерни херои на град Тетово, порачаа тие.
-Нека ова мало внимание биде гест на голема благодарност за нивната работа. Им посакуваме мирни денови и што помалку интервенции на терен. Благодарницата што Ви ја подаруваме е од срце, од сите нас, младите на ВМРО-ДПМНЕ. Учиме од вашата храброст и професионалност и Ви ја даваме нашата сесрдечна поддршка. Ви благодариме,порачаа од Унија на млади сили