Шестгодишно девојче од Тетово го изгуби животот откако како пешак било удрено од возило околу 18 часот на булеварот “Видео Смилевски-Бато”, информира тетовската полиција. Во девојчето удрил автомобил Фолксваген голф управуван од 30 годишник од Фалише.
-Од удирањето девојчето добило тешки телесни повреди од кои по пренесувањето во тетовската клиничка болница подлегнало на истите.Возачот учесник во несреќата е обезбеден за понатамошната постапка, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
Во тек е увид што го води јавен обвинител, а учествува и екипа од СВР Тетово.
А.С