Тетовската полиција соопшти дека завршила истрагата за четири тешки кражби во верски објекти-цркви во регионот. За извршените кражби полицијата ќе поднесе кривична пријава за 18 годишно момче од Озормиште.
-З.А.(18) се сомничи дека во мај и јуни оваа година, насилно провалил во црквите во тетовските села Радиовце, Волковија и Јанчиште и по комплетното пребарување на нивната внатрешност одземал парични средства. На тој начин противправно се стекнал со вкупна имотна корист која се проценува на 8500 денари, информира денес СВР Тетово.
Осомничениот З.А. и претходно бил пријавуван во СВР Тетово за вакви и слични кривични дела, кои претежно ги извршувал на поширокото тетовско подрачје, информираат од канцеларијата за односи со јавноста.