Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1363 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на Ковид-19, од кои 20 се во тетовскиот регион. Тетови регионот брои 558 случаи од кои активни 322 болни лица.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од кои 24 се од тетовско.
Во Скопје се починати 4 пациенти во болницата „8 септември“, сите од главниот град. Вкупно 5311 случаи со Ковид-19, оздравени пациенти се 2048, починати се 251, а активни случаи во Македонија се 3012.
На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 109 луѓе. Во монтажната болница се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент и две деца. Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани 127 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 85 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.