Соопштение на Левица Тетово:
Необалистот Касами, а воедно и најлош градоначалник кој го имало Тетово до сега, го сруши градскиот стадион во Тетово, со цел собирање на гласови за Беса, неговата матична партија и развој на фашизмот врз неалбанското население вo градот.
Да потсетиме дека на стадионот, не им дозволува на македонските клубови да тренираат ниту натпревар да играат.
Радикалниот сецесионизам, кој го пропагираше вчера преку национални химни на соседни држави и именување исклучиво на албански јазик на стадионот, но и говор, додека Дпмне на плоштад имаше митинг, а СДС не презеде ништо.
Екстремизмот и великонационализмот на Касами до сега не донесе соживот за граѓаните на Тетово, туку ги разбуди старите сеништа од не така далечното минато.
Се надеваме дека после 8 мај, конечно власта ќе се одважи да покрене кривична и правна постапка против фашистичко настроениот шериф на градот.
Истиот има прекршено и сè уште ги гази сите уставни и државни уредби, а се однесува како Тетово да му е негова приватна бавча.