Соопштение СВР Тетово
На 14.10.2024 во 22.45 часот на бул. „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ш.(18) од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 15.10.2024 во 00.15 часот во Полициското одделение Теарце, Ш.З.(47) од с.Доброште пријавил дека околу 21.30 часот на 14.10.2024 во угостителски објект покрај регионалниот пат Тетово – Јажинце, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник од истото село. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
На 14.10.2024 во 13 часот во СВР Тетово, 23-годишник од Република Албанија, со престој во тетовско село, пријавил дека бил измамен од Р.„Н“ од Мала Речица. Според пријавеното, минатата недела му дал пари за да му купи неколку работи, но тој ниту му го донел нарачаното, ниту му ги вратил парите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2024 во 10.00 часот во СВР Тетово, 45-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од А.Л.(44) од Скопје за сума од 750 евра. Според пријавеното, на 24.08.2024 А.Л., сопственик на правен субјект од Скопје, го довел во заблуда и му ветил дека за еден месец ќе му изврши транспорт на патничко возило од Сојузна Република Германија, а тој за услугата му ги дал парите. Откако поминал договорениот термин и не му било донесено возилото, сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.10.2024 во 19.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ш.Ј.(68) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17.20 часот се обидел со остар предмет да го нападне Ф.С.(53) од Тетово. Ш.Ј. е задржан во полициска станица и од него бил одземен остар предмет. Се работи на расчистување на случајот.
На 14.10.2024 на улица ,,Илинденска“ во Тетово, од страна на полициски службеници од СВР Тетово била извршена контрола над патничко возило „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Е.(54) од с.Камењане, тетовско. При контролата било утврдено дека тој со возилото врши јавен превоз на патници на релација од с.Пирок до Тетово и обратно без соодветна документација. Против него бил изготвен соодветен поднесок по член 284-а од Кривичниот законик.
На 14.10.2024 во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Џ.Џ.(60) од с.Орашје, општина Јегуновце. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 16.00 часот при извршување работни задачи во објект – сепарација на песок во с.Старо село во општина Јегуновце. Увид бил извршен и за настанот бил запознаен трудов инспектор.
На 14.10.2024 во 13.45 часот во СВР Тетово, Г.И.(51) од с.Порој, тетовско, пријавил дека во селото неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.