Во општата болница „8 Септември“ во Скопје утрово починал 47-годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на Ковид-19, а потврден позитивен денеска, инфомираат од Министерството за здравство. Тетовскиот регион бележи вкупно 16 смртни случаи досега.
Меѓу 23 нови случаи, 4 има во тетовско. Од вкупниот број на 165, активно заболени се 76. МВР информираше дека од 14 заболени полициски службеници двајца се од тетовското подрачје.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.