Министерството за здравство денес информираше дека болницата „8 септември“ во Скопје починала пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина. Со овој случај тетовскиот регион бележи седум луѓе кои починале како заболени од Ковид-19.
Меѓу 21 оздравени луѓе од цела Македонија има и едно лице од Тетово, а нема нов заболен во овој регион.
Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 во Македонија.
Согласно ова вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот 4/5 мај по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ова подрачје 2 лицa не ја почитувалe забраната за движење. Двете лица се лишени од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик, истакнуваат од СВР Тетово.
-Исто така, според статистичките податоци на СВР Тетово, во изминатото деноноќие на 19 лица во тетовскиот регион издадени им се решeнија за изолација, а изјави за самоизолација потпишале 10 луѓе. Во овој период контролирани се 146 лица со решeнија за изолација и 45 лица со потпишани изјави за самоизолација, информира тетовската полиција.
За неносење на заштитни маски писмено предупреден се шест лица.