Министерството за здравство информираше дека 61 годишно лице од Тетово починало во болницата “8 септември” во Скопје каде се лечело поради Ковид19. Бил хоспитализиран на 28 април. Ова е осми смртен случај поради коронавирус во тетовскиот регион.
Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид-19. Со тоа тетовскиот регион брои 96 заболени од кои активни се 42.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.