Денес низ Македонија починале шест лица поради Ковид-19 од кои во тетовскиот регион има 82 годишник. Денес Центарот за јавно здравје денес бележи два нови случаи на заболени од кои еден во општина Тетово и еден во Теарце. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти од кои во тетовско се 11.
Според податоците на Министерството за здравство во тетовско има вкупно 1066 дијагностицирани додека активни се 212 случаи.
Од друга страна Кризниот штаб на општина Тетово соопшти други бројки.
-Од почетокот на пандемијата во Тетово и 5 околни општини, вкупниот број на дијагностицирани со е 1063, а од тој број досега оздравиле 769 лица, 80 починале, со што бројот на активни случаи во Тетово и 5-те околни општини изнесува 214. За среќа, во Тетово и регионот продолжува трендот на намалување на нови случаи додека бројот на оздравени лица е во пораст, со што од минатата недела до денес бројката на активни случаи е значително намалена од 276 на 214 лица, истакна градоначалничката Теута Арифи.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово информираа дека во Тетово и околните општини вкупниот број на лица кои се наоѓаат во изолација со одлука и самоизолација е 378.
-Апелираме со посебен акцент до младите луѓе да не се собираат во поголеми групи и да ги почитуваат мерките за физичко растојание, да носат заштитни маски и да внимаваат на личната хигиена.Исто така, деловните субјекти и стопанствениците строго да ги почитуваат протоколите и заштитните мерки, бидејќи за да се избориме против оваа пандемија мора да ја докажеме нашата решеност и високо ниво на општествена и граѓанска одговорност, истакна Арифи.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (04.08./05.08) за неносење заштитни маски изречени се прекршочни платни налози на 21 лице согласно член 6 од соодветната владина Уредба. Нема прекршувања кај контролите на 346 луѓе со решенија за изолација дома.
А.С