Соопштение на СВР Тетово 19 март 2024
Вчера (18 март) од 10 до 15 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово спроведена е акциска контрола на возила, во најголем број на возила кои вршат јавен превоз.
При контролата откриени и санкционирани се 2 возила (ТЕ-1 и ГВ-1) со неисправни сопирачки и 1 возило (ТЕ) со истечена регистрација. Неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парични глоби од 400 евра за физичко, 2000 евра за правно лице и плус 500 евра во денарска противвредност за неговото одговорно лице.
Во вчерашната контрола, исто така, санкционирани се и 2 возачи (ТЕ) кои управувале без положен возачи испит и валидна дозвола за тоа, 10 возачи (ТЕ) кои непрописно, односно погрешно ги паркирале нивните возила, од кои 5 возила биле и подигнати од тетовската „пајак-служба“, како и 12 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-2).
Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел до сопствениците на возила, фирми и други правни субјекти редовно да ја проверуваат техничката исправност на возилата кои ги користат, со што најнепосредно ќе придонесат за лична безбедност на оние кои ги управуваат, но и на другите учесници во сообраќајот.
Се апелира, исто така, да не седнуваат зад волан без претходно да го положат возачкиот испит и да поседуваат возачки дозволи.