Општина Тетово организираше настан со цел да се прикаже како ќе изгледа градскиот стадион по реконструкцијата. Градоначалникот Биљал Касами влезе во багер и самиот руши дел од трибините.
Покрај видео презентацијата на новиот изглед на стадионот имаше ревијален фудбалски натпревар и настап само на музичари на албански јазик.
„До денес многу политичари и партии ветија дека ќе го изградат овој стадион, но ова ветување никогаш не се исполни. Доказ за тоа е моменталната состојба на овој стадион, кој е со уништен терен, застарени простори, без соблекувални, без услови за вежбање, без соодветни трибини за своите навивачи, но тетовци и Шкендија никогаш не се откажаа. Дојде денот да започнеме со изградба на спортска арена во Тетово со сите европски услови и стандарди, истакна градоначалникот Биљал Касами.
Во ноември 2023 Општина Тетово преку јавното претпријатие „Тетово Транспорт“ го распиша тендерот, по што склучи и договорот со фирмата во март 2024 година. Реконструкцијата чини 600 милиони денари или околу 10 милиони евра.
ас
фото Општина Тетово