Тетовската полиција деновиве евидентирала повеќе пријави за оштетувања на продажни објекти во трговскиот комплес „Ловец“
Од почетокот на 2024 година до 22 јануари, кај комплекс „Ловец“ во Тетово биле пријавени:
На 16-ти јануари во 08.40 часот во СВР Тетово, Г.Д. (34) од тетовски Порој, пријавил оштетување на стакло од влезната врата во локалот кој се наоѓа во првиот кат, при што била причинета материјална штета.
На 20-ти јануари во 09.45 часот А.А.(48) од Тетово, пријавил Тешка кражба во обид на неговиот локал при што со тврд предмет била оштетена влезната врата, но не било влезено во објектот.
На 21-ви јануари во 20.15 часот, Ш.Р.(66) од тетовска Голема Речица пријавил дека со тврд предмет му било оштетено стаклото од неговиот продажен објект.
-Во сите три пријавени случаи, бил извршен увид и се работи на расчистување на истите, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.