Центарот за управување со кризи информира дека вчера во 18.05 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 имало пријава за пожар над село Стримница во Општина Желино.
-Пожарникарите од ТППЕ Тетово не интервенирале поради непристапност на теренот, а од известените ЈП „Национални шуми“, подружница „Лешница“ од Тетово информирале дека горела трева, смрека и зеленика, како и дека немало опасност од проширување на пожарот. Инаку, превентивно биле известени и ДЗС Тетово, како и Општина Желино. Пожарот е се уште активен утрово, информира Центарот за управување со кризи