Младите луѓе од Тетово преку социјалните мрежи најавуваат протест пред тетовскиот суд, утре 7 април во 12 часот барајќи правда за смртта на 22 годишната Теодора која настрада во сообраќајна несреќа во 2022 година. Обвинетиот Менсур Пајазити беше осуден на три години и шест месеци, но Апелациски суд му ја намали казнта на две години. Потоа Врховен суд одлучил да има повторно судење.
Повторното судење за обвинетиот Менсур Пајазити кое не се оддржа на 27 март треба да почне утре 7 април, во 12 часот и 30 минути. Обвинетиот до судот минатиот месец поднесе известување дека нема да дојде од здравствени причини.
„Ова претставува уште едно разочарување за нашето семејство и сите оние што ја следат оваа трагедија со надеж за правда, вели Ева Ристовска сестра на Теодора Ристовска.
Теодора беше апсолвент на Машинскиот факултет во Скопје.