Децата од Тетово кои ги посетуваат градинките во рамки на јавната установа „Младост“ денес се дружеа на Спортскиот центар и изведоа активности на отворено по повод Недела на детето. Учествуваа децата кои имаат од 4 до 6 години.
„Секоја година првата седмица од месец октомври им се посветува на децата. Оваа недела е недела кога се зборува за правата на децата и ова се денови кога не смееме да заборавиме дека градинката е нивен втор дом. Нашата градинка преку разни активности, куклени претстави, ликовни колонии, музички хепенинг и натпреварувачки игри ја одбележаа Неделата на детето“, истакна Фатлинда Јаја, директорка на ОЈУДГ „Младост“-Тетово.
Децата до Спортскиот центар бесплатно беа донесени со автобусите на „Тетово Транспорт“.
@tetovoinfo.mk ♬ Оживленный Детский Праздник – Music For Business & Biblia Falada Kids