Градоначалникот Биљал Касами од денешниот брифинг за новинарите заедно со раководителите на сектори и претријатија со одговор на отвореното писмо на Сојузот на борци од каде побараа да не се менуваат имиња од антифашистичкото минато на македонскиот народ и народностите. Според Касами, сегашниот демократски концепт ќе се рефлектира и во имињата на улиците во градот Тетово.
„Ние не можеме да бидеме заложници на едно време. Македонија до деведесеттите години беше под Југославија и беше нели комунистички систем, монистички систем каде имаше други херои кои ги славевме. Сега сме во демократска држава, а сега имаме нов концепт со кој ги создаваме институциите и ја градиме државата. Тоа е европски демократски концепт и согласно тоа, тоа сигурно ќе рефлектира и во имињата на улиците во градот Тетово. Тоа не е против никоја етничка група во градот, а тоа е во интерес на сите етнички групи, но мора да рефлектира реалноста, сегашноста и тоа што ние сакаме да градиме во иднина, истакна Касами.
Касами посочи примери кои имиња не биле соодветни, а сметка дека одреден број називи нема да се променат. Формирана е комисија која ќе работи на процесот.
„Во таа комисија има и Албанци и Македонци, има и од позиција и од опозиција. Има и надворешни експерти кои ќе дадат свои придонес во целиот процес. Самата инцијатива не значи дека сите имиња кои постојат ќе бидат преименувани. Еден пример ќе дадам, не знам што е идентификација на Македонија и Тетово со името „Кавказ“. Во Тетово има улица „Кавкаска“ и не знам што сакаме да покажеме со тоа име на улица. Неколку примери има вакви со кои нема ништо заедничко ни Тетово ни Северна Македонија и тие улици сигурно ќе се преименуваат но улиците на македонските херои кои се налик и на ова време сигурно дека ќе бидат земени предвид, и ако комисијата одлучи да останат ќе останат, истакна Касами.
Со оглед дека во Тетово дел од улиците се преименувани во 2007 година, но не се прифатени од централната власт, па има користење по две имиња, Касами вели тоа ќе се смени со нов закон. Според него, таа регулатива ќе овозможи да се користат имиња донесени од страна на општините и ќе има централен регистар.
ас