Од денес започнуваат елиминациските четвртфинални натпревари на Меморијалниот турнир во мал фудбал посветен на Жарко Кузмановски во тетовска Брвеница.
19.30 Колонијал Лука Сиричино-Боди Фит Спартанци
20.15 Невидено-Ринџо Ивано
21.00 Даниел Тим Трио Дизајн-Роло Мики
21.45 Петар Ѓурчиновски-Оддел за заштита на определени личности и објекти
Овие осум екипи се досега најуспешни меѓу вкупно 24 пријавени екипи во мал фудбал со кои по групи почна турнирот на 10 октомври. Осминафиналните дуели се играа во понеделникот и вторникот.
Турнирот е предвидено да трае до 29 октомври кога ќе се игра и финалето, информираа од организациониот тим на турнирот.
Жарко Кузмановски беше припадник на специјалната единица „Тигар“ кој загина во антитерористичка акција во Куманово на 9 мај 2015 година. Загина на 34 години, а остави зад себе двајца малолетни синови, сопруга и родители. Од 2022 година во дворот на црквата во Брвеница е поставено спомен облежје за Жарко Кузмановски.
ас