Прес-конфренција на претседателот на Советот на Општина Тетово, Бесар Дурмиши:
Партизацијата на сите институции од Владата на СДСМ – ДУИ станува уште посилна во пресрет на изборите. Власта се обидува да го злоупотреби и СВР-Тетово за политички цели.Дури и Министерството за внатрешни работи, кое има за цел да ја гарантира безбедноста на граѓаните, од страна на актуелниот министер Оливер Спасовски, се обидува да биде партизирано на секое ниво.
Тоа се гледа од изборот на раководител на Секторот за внатрешни работи во регионот на Тетово.Според соодветниот Закон, за избор на командир, министерот предлага три имиња до Советот на општината и изборот се врши со гласовите на советниците, се разбира мнозинството.
Од првите тројца кандидати што ги предложи министерот, советниците на Советот на општина Тетово не поддржаа ниту еден. Според законот, министерот е должен да предложи три нови имиња. Но, во новите предлози, министерот направи сериозно прекршување на законот, бидејќи предложи две нови имиња и повторно предложи едно од првите имиња, кое, како што изгледа, е близок на министерот или партнерите од ДУИ – СДСМ, кои се обидуваат да ја направат државната полиција како семејна или приватна полиција.
Разбирливо е дека по ова законско прекршување на министерот, советниците тешко дека ќе дадат поддршка на партиски човек, бидејќи полицијата мора да се држи настрана од партиските бои и во ниту еден момент да не се преземаат мерки за одредени злоупотреби.Но, сето тоа намерно го прави СДСМ-ДУИ, за по втор пат да пропадне изборот на прв човек на СВР – Тетово, а потоа за ова да одлучува Владата.
Овие игри и се познати на јавноста, бидејќи во секој ќорсокак што го имаат, ДУИ и СДСМ ги злоупотребуваат државните институции, сметајќи ги за приватна сопственост и се однесуваат како да се во нивниот двор.За да стигнат до конкретната цел што ја имаат, сериозно ги кршат законите на државата. Но, се гледа дека тоа воопшто не ви пречи, бидејќи во континуитет се појавуваат скандали и мегаскандали што ги правеле со години и ги прават и сега. А, знаат дека им треба полиција да прави хаос на изборите и да ги уценува граѓаните за политички цели. Но, ова нема да биде дозволено. Како Совет на општина и како Општина ќе ги преземеме сите потребни дејствија за да ја изразиме волјата на граѓаните на Тетово, а не волјата на СДСМ и ДУИ за примена на сила врз граѓаните!