Соопштение на СВР Тетово 14 октомври 2024
На 13.10.2024 во 20.25 часот во с.Брвеница, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Т.М.(41) од с.Брвеница, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ги нападнал неа и нивната малолетна ќерка. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 14.10.2024 во 05.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода М.С.(32) од Ново Село-2, општина Боговиње, кој бил пријавен од неговата 29-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
На 13.10.2024 во 10.20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле С.Р.(61) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој е предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.