На 09.09.2023 во 16.00 часот на место викано „Сува Гора“, во атар на с.Ларце, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.С.(39) и М.С.(42), двајцата од истото село, поради постоење основано сомнение дека вршат превоз на бесправно исечени огревни дрва со две возила „лада нива“ и „џип тета самара“, двете без регистарски ознаки.
Кај двете лица биле пронајдени и одземени исечените огревни дрва и алатот со кој ја вршеле сечата, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.