Две малолетнички и 53 годишник се повредени во сообраќајката на автопатот Тетово-Гостивар вечерва околу 20 часот и 15 минути, информираше СВР Тетово.
Сообраќајката се случила на три километри од тетовската наплатна станица за патарина.
„Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици, управувано од малолетничка од тетовска Голема Речица и патничко возило „Дачија“ со турски национални ознаки, управувано од М.Б.(53) од Гостивар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.Б. додека малолетничката возач и сопатничката во мерцедесот, исто така малолетничка од тетовски Требош, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа при СВР Тетово, информираше Фатмир Реџепи, портпарол на СВР Тетово.
Поради сообраќајна незгода на патниот правец Тетово – Гостивар од 20:30 часот сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента.