По повод кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“ активност спроведе Форумот на жени СДСМ-Тетово. Во центарот на градот беа поделени промотивни материјали.
-Jа обоивме „Жена-борец“ во портокалово по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство. Секому може да се случи да биде жртва на родово базирано насилство. Покрај физичкото, овој тип на насилство опфаќа и форми на психолошко, вербално, сексуално и социоекономско насилство. Државата нуди сеопфатен механизам на поддршка и помош на жртвите. Да се охрабриме и да го пријавиме насилството. Има шанса за живот без насилство, изјави Марија Костоска Наумовска, координаторка на Форумот на жени.