Фудбалскиот клуб ЕС од тетовско Камењане со фудбалери родени 2007 година стана шампион на генерацијата на „Дана куп“ во Данска на кој учествуваат екипи од целиот свет. Генерацијата на клубот родени 2011 година во својата категорија го освои второто место.
– Во шеснаестинафиналето на купот, тимот на ЕС се соочи со тимот на Џаст Плеј од Англија кои беа фаворити за овој трофеј, но нашата екипа иако имаше играч помалку на теренот, победи со 1-0 со гол на Едон Абдулау. Следуваа уште две победи исто така со по 1-0 над екипа од Јордан, норвешкиот тим Лоренског, а двата гола ги постигна Герт Арифи. Во финалниот дуел тимот Хаи од Норвешка фудбалерот Мухамет Амити брилираше и со прекрасен гол и ја запечати победата во финалето, изјави тренерот Елмаз Синани
Тимот од генерацијата 2011 стигна до финалето при што бил поразен од норвешкиот тим Лоренског во финалето, но според одговорните во клубот, двата резултатите се историски со оглед на искуството на тој турнир. За најдобар стрелец со 13 гола за генерација 2011 бил избран Леарт Салихи.