Вчера (27 јули) во 13.30 часот во ОВР Гостивар, 32-годишна жителка на гостиварско село пријавила дека во текот на 2022 година била измамена од А.А.(31) од Тетово. Според пријавеното, таа се запознала со А.А. преку посредници, која ѝ се претставила како вработена во странска амбасада. Како што е пријавено, тие се договориле за сума од 1700 евра да ѝ обезбеди виза за една европска држава. Исто така, според пријавеното, во септември 2022 година на А.А. ѝ дала 500 евра, додека останатиот дел, според договорот, требало да ги исплати нејзиниот сопруг. Откако до 25.07.2023 работата не била завршена, таа сфатила дека била измамена и случајот го пријавила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска (28 јули) во 00.50 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.И.(23) од тетовско Требош затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера (27 јули) во 12.00 часот во СВР Тетово, Х.Б.(20) пријавил дека на 21 јули околу 23.40 часот на улица „Видое Смилевски Бато“ бил физички нападнат од С.К. од Тетово и уште две лица. Според пријавеното, причина за нападот се претходни недоразбирања, а при нападот лицата користеле и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска (28 јули) во 01.40 часот во СВР Тетово, Р.А.(53) од Република Албанија, со живеалиште во Тетово, пријавила дека на работното место во угостителски објект на улица „Маршал Тито“ во Тетово била физички нападната од нејзината колешка А.„Н“ од Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува и соодветен поднесок.
Ноќеска (28 јули) во 02.50 часот во СВР Тетово, 38-годишна жителка на Тетово, со привремена адреса на живеење во Германија, пријавила дека во домот во Тетово нејзиниот сопруг Б.Р.(47) од Тетово ѝ го одзел малолетниот син, по што физички ја нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера (27 јули) во 23.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовско Доброште настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло“ со тетовски регистарски ознаки во движење, управувано од Р.Ј. од истото село. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од мештаните.