Граѓаните од улицата „Борис Кидрич“ и околината се пожалија дека денес останале без вода за пиење и интернет. До прекин во водоснабдувањето и интернет конекциите според жителите дошло најверојатно поради оштетувања на инфраструктурата односно водоводните цевки и кабли за интернет со оглед дека на улицата „Борис Кидрич“ се извршуваа градежни работи за реконструкција на делницата и формирање на булевар. Долж улицата денес течеше вода.
Од јавното претпријатие „Шар“ потврдија дека има интервенција од нивните вработени кои се на терен со цел што побргу санирање на дефектот.