На прес-конференција претставници на граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ gи критикуваа централната и локална власт поради постапките во образованието:
-Резултатите од Писа тестот се неоспорен доказ дека образовниот систем е во бедна состојба! Министерството за образование и наука заедно со Бирото за развој на образованието повеќе се ангажирани во доделувањето на тендери отколку подобрувањето на квалитетот на образованието. Доказ за тоа е немањето книги и работни материјали за учениците, како и многуте технички и содржински грешки во постоечките текстов.
Во последните две децении екстремната партизација на образованието во училиштата е една од главните причини за состојбата во која се наоѓаме. Случајот со гимназијата која остана без струја и основното училиште „Истикбал“каде што раководството се менуваше 4 пати во една година се примери за пазарења и војна меѓу политичките партии.
За да се отежне состојбата во образовниот процес, покрај негрижата на централната власт вприсутен е и агресивниот пристап на локалната власт кон училиштата. Иако општината е основач на основните и средните училишта, таа покрај што не предвидува средства од сопствениот буџет за подобрување на состојбата на училиштата и се потпира само на дотациите од централната власт, манипулира со владините упатства со цел спроведување на финансиски сомнителни набавки на товар на родителите.
Во последните два месеци се врши голем притисок врз родителите и наставниците за безусловно прифаќање на еден вид униформа, за што одлуката е донесена без консултација со родителите иако финансискиот товар паѓа на нив.
- На која одлука на Владата е повикана општината за униформите?
- Кој од општината се договорил во 4 очи за униформите на 15.000 ученици, игнорирајќи ги родителите кои плаќаат?
- Која е фирмата и како е избрана?
- Кој ги произведува униформите за средношколците, текстилното училиште или дотичната фирма?!
- Како беше одредена цената од 800 денари кога вакви артикли се достапни на пазарот по многу поевтина цена?
Ја потсетуваме општина Тетово дека униформите служат за подобрување на безбедноста и еднаквоста меѓу учениците, а не за финансиски пазарења на неовластени поединци од општината на сметка на родителите на учениците, истакнаа од Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“.