Актуелната сениорска репрезентативка на Хрватска Лаура Фикет најново засилување на тројниот првак во женскиот фудбал тетовски ЖФК Љуботен.
„Со Лаура добиваме голема сигурност меѓу стативите за престојните предизвици кои ни следат во престојната полусезона, а се надеваме заедно до одбрана на титулата“ информираат од клубот.
Таа доаѓа од клубот Медик Конин од Полска, a претходно настапувала за ЖФK Сплит и ЖФК Хајдук- Сплит.Ги има поминато и сите селекции на Хрватската репрезентација
фото ЖФК Љуботен