Во Тетово денес се одржа трета од шестте информативни сесии за доделување на мали грантови на граѓански организации во шесте плански региони во земјата.
Целта на средбата е презентација на објавениот повик за доделување на мали грантови, целите, критериумите, условите и начинот на аплицирање на повикот.
Во рамки на проектот предвидено е да се доделат најмалку 10 грантови на граѓански организации износ од 2.000 до 5.000 евра.
Целта на повикот е зајакнување граѓанскиот сектор во поддршката на процесот на интеграција во ЕУ и придонес кон следење на политиките за вклучување на Ромите.
Приоритети на повикот се: Зајакнување на улогата на ромските и организации кои работат на инклузија на Роми во процесот на интеграција во Европската Унија и Подобрување на инклузијата на Ромите во рамките на преговорите како дел од процесот на интеграција во ЕУ
Повикот е објавен на 6 ноември сите заинтересирани организации да аплицираат до 6 декември
Проект „Ромскиот граѓански сектор за пристап кон ЕУ” (IPA III/2022/441-801)
Проектот е финансиран од Европската Унија, а го реализираат од АДДР СОНЦЕ Тетово во партнерство со РАЖМ Лулуди од Скопје, Ромски Ресурсен Центар од Скопје и Симплексис од Грција