Со триесетина фотографии и самостојна изложба насловена „Зборуваме со фотографии“ во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово се претстави авторот Ариан Мавриќи од Косово.
Фотографиите се посветени на птици и диви животни, кои се пасија на фотографот, изложени во фоајето на Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово каде имаше и свечено отворање на изложбата.
„Некаде на почетокот на 2012 година, Аријани страсно влегува во прекрасниот свет на фотографијата. Уште од детството сонувал да фотографира птици и диви животни, па запознавањето со фотографите на дивиот свет стана неопходност за продолжување на овој прекрасен сон, информираат од Центарот за култура.
Ариан Мавриќи има добиено повеќе локални и меѓународни награди за фотографија. Дел од настанот беше и проекција на документарен филм посветен на работата на фотографот.
ас
фото Центар за култура