Тетовските пожарникари добија товарно возило како донација во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион“ што се спроведува со средства на Владата на Швајцарија и реализира од Програмата за развој при Обединетите Нации (УНДП) и Општина Тетово.
-Денеска на Територијалната противпожарна единица Тетово и е доделено возило (комбе), кое ќе се користи за технички зафати на оваа единица. Општинската администрација предводена од Билал Касами секојдневно е во служба на граѓаните и оваа единица, каде досега се донесени многу различни донации во нивна корист и брза и ефикасна интервенција, опремување на оваа единица со фитнес простор и овозможување раст на платите, информираа од канцеларијата за односи со јавноста при Канцеларија за комуникации и односи со јавноста во Општина Тетово.
Во рамки на проектот „Подобрување на отпорноста на поплави во Полошкиот регион“ во тек се градежни потфати и други активности со цел да се направи превенција од поплави на повеќе места во Тетовско и Гостиварско.
ас