Изминатиот викенд (28/29 октомври) од 23 до 5 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што биле откриени и санкционирани вкупно 15 прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-5). Кај најголемиот број од нив биле утврдени од еден до еден и пол промили алкохол во организмот, додека двајца возачи (ТЕ-1 и ГВ-1) одбиле да се алкотестираат. Сите прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци со парични глоби од 225 до 375 евра во денарска противвредност, а оние кои одбиле тестирање со глоба од 500 евра во денарска противвредност. Покрај ова, на возачите-прекршители времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година. При контролата, исто така, санкционирани се и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-12 и ГВ-3