Книжевен двобој во кој поезијата на Марина Икономова Шокева („Модра мрежа“) и прозата на Бобан Богатиновски („Роботот 1971“) ќе се соочат и надополнат низ темата на слободата – како копнеж што нè води и како илузија што нè заробува. Посетителите ги очекува накрсно интервју, читање извадоци и отворена дискусија. Сабота 12 април 2025 година во Infinity Kitchen Bar, Тетово, влезот е слободен