На 30 март 2024 година во Тетово македонска пејачка Лени Партикова ќе го одржи својот прв голем солистички концерт пред македонската публика. Концертот е насловен „Корените македонски да не се заборават“, а ќе се одржи во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ со почеток во 19 часот.
„Еден мој голем сон ќе се оствари да имам свој солистички концерт. Со многу голема љубов и посветеност мојот сопруг Жарко Ѓор]ески да го организира овој концерт. Ќе бидат изведени мои авторски песни од албумот „Со срце и душа за Македонија“ како и стари изворни песни од моите нови албуми „Корените македонски да не се заборават“ број 1 и број 2, информира Лени Партикова.
Првиот концерт се одлучила да биде во градот под Шара, затоа што е тетовска снаа. Ќе има и многу гости.
„Прекрасните деца играорците на КУД „Шара“ ќе бидат со мене на сцената како и детскиот хор Лале од Тетово. Мојата музичка поддршка ќе бидат моите почитувани колеги група Круна заедно со двајца врвни хармоникаши Робертино Стефановски и Златко Мадевски. Ќе гостува и дувачкиот оркестар Весела дружина. „Јаготка на шлагот“ на овој прекрасен концерт ќе бидат моите драги колеги со кои соработувам многу низ годините Благица Павловска нашата фолк дива, како и Флори Манев и Раде Младеновски, најавува Лени.
По Тетово, Лени најавува концерт во Скопје и другите градови низ Македонија.