Соопштение на политичка партија Левица
Не стивнуваат реакциите и вестите деновиве, кои директно задираат, продираат и воедно го повредуваат секое чувство на припадност на едноставниот Македонец – албанска Академија на науките, среде македонска држава.
Прашуваме дали парите кои беа распределни од министерството за Локална самоуправа, со крајна цел урбанизирање на општините, отиде во буџетот кај “самопрогласените“ албански општини, во реализација на апсурдниот проект на Вреди – Академија.
Бараме, одговорност и јавно излагање на погореспоменатото Министерство, детална анализа и оправдување на општинските пари на: Тетово, Желино, Гостивар и Чаир.
Финансовата полиција да се вклучи и постапи, морално, праведно, човечки и одговорно, а не под притисок на губење на работни места, со цел утврдување на начинот на исплата и реализација на оваа Академија.
Одговорност да понесат и ДПМНЕ-ЗНАМ, да покренат постапки и во краен случај да ја раскинат хармонијата на ова небулозно коалицирање, кое во секој случај ги повредува чувствата и задира во етничките, морални човечки и уставни норми.
Претседателката, како професорка која доаѓа од научната фела, да не делува поетично во своите излагања туку да ја сопре и разобличи оваа налудничава идеја, преку која Македонија личи на нива некосена, бојно поле на патници-намерници и косовски протекторат.
Главен изумител и Архимед на овој проект на федерализација и нејзин зародиш е градоначалникот Касами.
Него како политичар и челник на партија досега никој не го осуди, ниту се обиде да го укори и пднесе соодветна пријава за прекршување на мноштво законски регулативи.
Неговиот постмодерен необализам и Џемохасавизам се случува и одигрува во текот на неговиот цел мандат, со почеток на оформување на неговата партија, која претендира фашистичко-екстремистички дејанија, кои бескрупулозно ги оствари. Напоменуваме, по милионите реакции, никој збор не му рече, а не да го осуди.
Граѓаните на овие општини бараат и ќе бараат да се знае во кои намени и како се трошат нивните пари.
На народот му треба силна економија, производство, фабрики и стабилни работни места.
Народот не сака да плаќа од својот и така веќе изеден од вештачката инфлација – џеб.
Народот сака народните избраници да им приуштат општини налик европските, достоинствени за живот.
Иститот тој народ, не сака дополнителни измислени профашистички етнички тензии, кои ги подгреваше истиот тој Касами овие години.
Граѓаните, сакаат чиста вода, чист воздух, парк во 21 век, кино, рекреативни места, паркинзи и град без бездомни кучиња.
Но, граѓаните сакаат оправдание, да знаат: од кој порез и како ќе се плаќаат академците, нивните академски плати и придонеси на кој начин ќе се обезбедат?
Кој го дозволи ова недоквакано решение и кој стави амин на истото? ДПМНЕ и ЗНАМ да одговараат заедно со “научниците на Вреди“, за повредување и загрозување на чувствата на Македонците во целата држава, а посебно на Македонците, кои живеат во овие општини и се третирани како граѓани од стоти ред.
Јадните тие Македонци, кои се принудени да не можат да говорат, ниту да им се одговара на својот мајчин јазик во родениот град и држава и за нив место да нема во јавните служби ами само по фабрики и маркети.
Се додека коалиционерите и приврзоците на Касами удобно се сместени во претесните административни простории на јавната служба, обичните граѓани се спрема нив “ем кабаетлиии ем борчлии“.
Срам и арам е оваа Влада и со црвено слово и големи букви да се запише во историјата:
ДПМНЕ под водство на Мицкоски аминуваше и ја федерализираше Македонија кога се формираше паралелна албанска Академија на науките!